Vrabotuvanje.com - Електро Техничар за Одржување - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Електро Техничар за Одржување

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
Електро Техничар за Одржување (Electrical Maintenance Technician – Facility) 
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Инсталирање и одржување на електрични машини
  • Редовно превентивно одржување на електричната опрема
  • Обезбедување и извршување на вонредни /непланирани поправки на електрична опрема за време на производството и изведување закажани поправки за одржување на електрична опрема
  • Дијагностицирање проблеми, замена и поправка на делови, тестирање и прилагодување на истите
  • Изведување на едноставни електричaрски должности и одговорности на постројката
 
Образование, искуство, вештини:
  • CCC од Електро струка
  • 2+ години искуство со електро одржување
  • Претходно искуство со инсталација со низок напон; прекинувач со низок напон; табли со низок напон; прекинувач за среден напон и трансформатори со среден напон.
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) 
  • Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори)
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство

Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;  
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " Електро Техничар за Одржување (Electrical Maintenance Technician – Facility)  преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде