Неопходни компетенции:
- Средно образование ССП (градежен техничар или хемиски техничар);
- Со работно искуство од најмалку 2 години;
- Познавање на методи и стандарди за испитување на бетон;
- Познавање на англиски јазик;
- Работа со компјутери (MS Office, Internet, Auto CAD);
- Поседување возачка дозвола Б категорија.
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување.
Потребни способности и вештини:
- Организираност и одговорност;
- Способност за тимска работа;
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
- Способност за работа под притисок и кратки рокови.
Клучни одговорности и задачи
- Одговорен е за подготвување на материјалите, алатите, опремата за изведување на сите работи поврзани со дејностите на Завод лабораторија;
- Врши класификација и обработка на резултатите, техничка обработка и изработува писмен извештај;
- Помага и учествува во вршењето техничка контрола-надзор на објекти, проекти и испитувања и подготвува техничка документација.
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, овластувања, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или електронски преку полето Брза Апликација,
Телефон за контакт 02/3091-945,
Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.
Ве молиме задолжително наведете го точниот назив на огласот на кој аплицирате, во спротивно Вашата документација нема да биде разгледана.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 12 (дванаесет) месеци.
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје води посебна грижа за заштита на лични податоци и за доверливост со Вашата апликација.