Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Македонски Телеком АД-Скопје
Македонски Телеком АД е водечки национален телекомуникациски оператор и е дел од Групацијата Дојче Телеком. Согласно својата мисија и стратегија за развој, компанијата постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници. Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди.
Заради пополнување на позиција во нашиот тим, имаме потреба од талентиранo лицe на работно место:
Соработник за продажба на SOHO/SME (Регион: Охрид, Стуга, Ресен)
Одговорности:
Извршување на проактивни продажни активности со цел реализација на индивидуалните месечни цели по производи и услуги во соодветниот сегмент;
Подготовка на деловни понуди и интегрирани решенија (продукти и сервиси од мобилна и фиксна телефонија) на потенцијални и постоечки корисници од доделениот сегмент;
Презентација, преговори и склучување на договори со корисниците од сегментот;
Следење на процесите на реализација и проверка на нивниот статус и давање на повратни информации до корисниците
Постојана проверка на корисничка база на податоци за потенцијална можност за понуда на нов производ и услуги со додадена вредност (VAS) up-sale и cross-sale активности;
Комплетирање на корисничка документација, достава до корисниците и архивирање, согласно поставените правила и процедури
Што очекуваме:
Тимски играч
Напредни комуникациски и продажни вештини
Организациски способности
Способности за убедување
Способност за донесување одлуки и способност за решавање проблеми
Самоиницијативност
Иновативност
Квалификации:
Вишо или Високо образование (Економски факултет; Електротехнички факултет; Факултет за ИТ; Технички факултет или oстанати факултет);
Со и без работно искуство;
Активно познавање на англиски јазик;
Работа со компјутер и соодветни апликации;
Познавање на телекомуникацискиот бизнис, продукти и услуги од фиксна и мобилна телефонија
Работно време:
Работното време во компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)
Што нудиме:
Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
Можност за континуирано професионално усовршување и развој
Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
Останати бенефиции како вработен во МК
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx и/или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Соработник за продажба на SOHO/SME
Огласот ќе биде објавен на ден 23.07.2021 година и ќе трае до 06.08.2021 година
Контакт информации тел. 02/3 242-602
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Продажба изнесува 22.310 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!