ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност
Потребни квалификации:
- ССС- градежен техничар
- Работно искуство во струката
- Основно познавање на Microsoft Office пакетот
- Познавање на англиски јазик ке се смета за предност
Клучни одговорности и задачи:
- Изведува поедини фази и работи во изградба на објектот според задолжението и барањата на Раководителот
- Го реализира проектот за организација и технологија на градење врши подготвителни работи за навремено отпочнување на работите
- Се грижи за навремено требување на потребни средства за работа и работна рака според организацијата и технологијата за изградба на објектот
- Дава конкретни усмени и писмени упатства преку скици, детали и слично на вработените и подизведувачите
- Води целокупна техничка документација согласно законските прописи, актите на Друштвото како и условите предвидени во договорот за изведување на објектот според барања на раководителот
- Ги изработува работните налози и градежниот дневик
Компанијата нуди:
- Плата за огласеното работно место изнесува од 30.000,00 до 40.000,00 денари во зависност од работното искуство
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае седум работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.