Потребни квалификации:
- ВСС - Дипломиран градежен инженер или Дипломиран Инженер Архитект
- Работно искуство на наведената работна позиција
- Познавање на работа на компјутер (ACAD, MS Office, MS Project)
- Познавање на англиски јазик
Клучни одговорности и задачи:
- Се грижи за благовремено обезбедување на сите потребни документи, одобренија, решенија и дозволи потребни за отпочнување на градба и изведување на работите на проектот како и потребните согласности од општините при организирање на градилиштето на објектите како што се услови за времени приклучоци, дислокација на инсталации и слично
- Дозволите, одобренијата и решенија, потребни за отпочнување за градба и изведување на работите на Објектот ги внесува во архивата на Проектот и ги доставува до надлежните служби на Проектот, со пропратно писмо и со список за потребите документи што треба да се обезбедат на градилиштето согласно Законот за градење и актите на Друштвото
- Одговорен е за уредно архивирање на техничката документација од својот делокруг на работите во електронска и хартиена форма, како и сета придружна документација
- Учествува во комплетирање на документација, атести, записници за технички прием на проектот, а по извршениот технички прием и примопредавањето на проектот на главниот изведувач, врши архивирање на целокупната документација од техничкиот прием
- Учествува или самостојно изготвува прегледи, документи и податоци на барање на Директорот на проектот
Компанијата нуди:
- Плата за огласеното работно место изнесува од 30.000,00 до 45.000,00 денари во зависност од работното искуство
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
Личен профил:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети
- Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 08,00 до 16,00 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае седум работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.