Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
Во одделот Управување со објекти и логистика, бараме:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВОЗИЛА (M/Ж)
Работни задачи:
- Планирање, управување и контрола на флотата со возила
- Договори за одржување и сервисирање за возен парк
- Анализи како потрошувачка на гориво и изминати КМ
- Подготовка на инвестициона програма и програма за одржување
- Оптимирање / запазување на трошоци, односно подобрување на резултати во Возен парк
- Активности со GPS-системот
- Менаџмент на возен парк (Диспозиција на возила и возачи)
- Оптимирање на процеси
- Развивање на стандарди и насоки
- Одговорност за запазување на законски одредби
- Набавка, пријава и одјава, проверка, продажба на патнички, товарни и специјални возила
- Водење евиденција за штети на возила
Потребни компетенции:
- Универзитетска диплома во областа на Транспорт и шпедиција, Економија, Машински инженер или Електро инженер
- Возачка дозвола Б категорија
- Одлично познавање на MS Office (Excel, Word и Power Point)
- Познавање на Англиски јазик (пишан и говорен)
- Релевантно работно искуство минимум 2 (две) години
- Искуство со работни задачи во кратки рокови
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 11.08.2021.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.