БРАКО е македонска металопреработувачка компанија која е основана во 1947 година и која произведува огромен асортиман на производи. Денес БРАКО е извозно ориентирана компанија со преку 500 вработени, каде над 90% од производите се наменети за извоз и претставува претпознатлив бренд за производство на секаков вид жичани производи, тешки метални конструкции (куќишта за хидро турбини, модуларни контејнери итн.), широка палета на медицински мебел и медицински помагала како и претпознатливите возила за чистење улици и јавни површини чие производство, склопување и развој се врши во Република Македонија.
БРАКО ДОО Велес, за потребите на одделот за жичани производи има потреба од:
- Работници на машина за поцинкување и сушење
- Работници на машина за исправање и преврзување на жица,
- Работници на машина за изработка на клинци,
- Работници на машина за изработка на бодликава жица и плетење на мрежа
- Работници на машина за пакување на клинци
Работни задачи:
- Прием на налог за работа
- Поставување на суровина на машина
- Подесување на параметри на машина
- Вклучување, надгледување и исклучување на машина
Потребно образование и способности:
- Минимум завршено средно образование
- Предност ќе имаат кандидатите со завршено средно стручно образование (машинска струка)
- Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во работа на иста или слична позиција
Вештини:
- Желба за напредок и надградувње на работа на машини со најнова технологија
- Способност за работа во динамична и тимска средина
- Позитивен пристап кон работата
Што нудиме:
- Можност за работа во компанија која е лидер во својата област
- Можност за работа во современа работна средина и на уникатна проблематика
- Можност за постојано надградување и напредок во кариерата
- Компетитивен социјален пакет
- Соработка со интернационални докажани партнери