Vrabotuvanje.com - Бравар-заварувач - Скопје - ЛИБЕРТИ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Бравар-заварувач

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЛИБЕРТИ АД Скопје

 
Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
 
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
 
За потребите на нашето производство, односно проширување на нашиот тим за Одржување на производствените линии, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:

 
Бравар-заварувач (Машинско одржување)
 
 
Клучни одговорности:
  • Врши демонтажа, поправка и монтажа на: хидраулични, пневматски и машински компоненти и делови
  • Врши тековни и превентивни прегледи на линиите и тоа:
  • Пополнува „Check” листи за проверка и информира за одредени девијации 
  • Врши контрола на течење на масло од опремата
  • Го контролира притисокот на масло и температура на системите од хидраулика
  • Ги контролира и по потреба санира системите за емулзија и подмачкување 
  • Внимава на состојбата на опремата во поглед на нејзиното движење, исправност, поставеност, бучава, темепеартура и испарување 
  • Активно учествува во отстранувањето на дефекти од машинска природа кои настануваат на линиите 
  • Ги спроведува потребните постапки за изолација и заклучување пред започнување со работа
  • Врши електро и гасно заварување на машински делови и делови од хидраулична, пневматска и друга инсталација 
 
Личен профил:
  • ССС 
  • Работно искуство од мин. 3 години
  • Професионална експертиза
  • Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
 
Што нудиме:
  • Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и дополнителни бенефиции - ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
 
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде