Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
За потребите на нашето производство, односно проширување на нашиот тим за Одржување на производствените линии, ги покануваме сите заинтересирани лица да аплицираат за следната позиција:
Електричар (Електро одржување)
Клучни одговорности:
- Врши демонтажа, поправка и монтажа на електрични компоненти и делови
- Врши тековни и превентивни прегледи на машините
- Внимава на состојбата на опремата во поглед на електрична исправност и поставеност
- Активно учествува во отстранувањето на дефекти од електро природа кои настануваат на машините
- Изведува електрични инсталации
- Врши промена на утикачи и утикачни кутии, промена на сијалици, осигуричи, контрола на температура на лежаи на мотори, контрола на температура на трансформатори, контрола на ниво на уље и досипување, чистење на електрични мотори, нисконапонски табли и друга електрична опрема
- Активно учество во плански санации и ремонти на машините
Личен профил:
- ССС
- Работно искуство од мин. 3 години
- Професионална експертиза
- Можност за работа во смени
- Строго почитување и примена на стандардите за Здравје и Безбедност при работа
Што нудиме:
- Динамична работна средина во која се стимулира учење и професионален развој. Конкурентен надомест како и дополнителни бенефиции - ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ
Доколку барате можност за работа на предизвикувачки проекти, со цел да влијаете на бизнисот на позитивен начин, Ве повикуваме да ја доставите Вашата професионална биографија - CV преку полето Брза апликација.