за Дистрибутивен центар во Петровец
Време за аплицирање: 31.08.2021
Локација: Петровец, Скопје
Почетна нето плата 17.680 ден.
ОДГОВОРНОСТИ:
- Книжење на фактурите аналитички за секој купувач и на секој приход по аналитика на приходни места (приходи од земјата, странство, други основи);
- Го известува сектор продажба за отворените испратници;
- Секојдневно ажурирање на базата на купувачите, назив, тековна состојба, валута на наплата;
- Контактирање со купувачите во поглед на испорака на стоки;
- Контактирање со купувачите во поглед на рекламации на продадената стока;
- Изготвување на книжни одобренија за вратена стока;
- По налог на надредениот извршува работи во интерес на компанијата и поднесува извештај за својата работа;
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум средна стручна спрема
- Универзитетска диплома – економска струка ќе се смета за предност
- Познавање на MS Office пакетот (особено Excel)
За да бидете успешен кандидат потребно е да ги имате следните КАРАКТЕРИСТИКИ:
- Можност за самостојна и тимска работа
- Способност за ефикасно решавање на проблемите
- Стрпливост и упорност
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Само апликациите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.