Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар во Кратово во Група 2, бараме:
ЕЛЕКТРО-МОНТЕР ВО КРАТОВО (М/Ж)
Работни задачи:
- Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
- Отчитување на податоци од броила
- Контрола на приклучоци и мерни места
- Замена на броила на корисници
- Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
- Помош при отстранување дефекти
- Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила
Потребни компетенции:
- IV степен електротехничко образование – Електротехничар - енергетичар
- Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност
- Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност
- Возачка дозвола Б категорија
- Одговорност, тимска работа
- Комуникативност, флексибилност
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 24.08.2021.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување која ќе ја најдете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.