Vrabotuvanje.com - Инженер за напредно планирање на квалитет - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Инженер за напредно планирање на квалитет

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА


КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 

Инженер за напредно планирање на квалитет (Advanced Quality Planning Engineer)

Инженерот за напредно планирање на квалитетот се грижи за квалитетот на производот да ги исполнува барањата на клиентот, како и да обезбедува беспрекорно и одржливо планирање во однос на новите и постојни производи и процеси, со што управува и ги ублажува можните ризиците на проектот во сите фази.
 
Ги подготвува, спроведува и следи сите системи поврзани со квалитетот и обезбедува усогласеност на клиентите и регулаторите.
 
Обезбедува усогласеност со сертификатите за квалитет и нивно вклучување, но не ограничувајќи се со IATF16949 и ISO14001.
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Одговорност за напредно планирање на квалитетот, PPAP, лансирање на процеси кои се усогласени по извршување на тестовите кои ги придружуваат процесите
  • Учество во активности за напредно планирање на квалитетот
  • Идентификување на релевантните барања на клиентите во рамките на започнувањето на проектот
  • Пружење поддршка и присуство на состаноци со клиенти и ревизии од клиентот за команиските процеси
  • Осигуруваќи се барањата на клиентите  да се инкорпорирани во функционалните спецификации на производот 
  • Оддржување и водење на  активности и анализа за проценка на ризик и неуспех (FMEA) за да се обезбеди целосно исполнување на барањата за функционалната спецификација за време на валидацијата на процесот / дизајнот
  • Обезбедување на квалитетот на производот  и негово одржување за време на зголемување на производствто  со примена на специјализирани  тестови, Quality circle и други. 
  • Креирање и одржување план за тестирање на единечни делови, под-склопови и производи
  • Креирање и навремено ажурирање на документацијата за квалитет поврзана со активностите на APQP (контролен план, FAMP, план за инспекција) 
  • Создадете и одржувајте ја „спецификација на тестот“ заснована врз барањата на клиентот и компаниските барања на КОСТАЛ
  • Адресирање и обработка на барањата за PPAP, како и подготовка и собирање на целата релевантна документација што произлегува од активностите на PPAP за време на првичното ослободување на производот или релевантни промени.
  • Подготовка и управување со материјални податоци во IMDS
  • Дефиниција и верификација на спроведените студирања за способност за мерење на машината или тестот, како и карактеристики за машините и производните процеси (на пример, температура, време, светлина)
  • Дефинирање на карактеристиките за проверка врз основа на влезни информации од FMEA, цртежите, внатрешните и надворешните барања. Адресирање во случај на неусогласеност
  • Комуникација со персоналот на сите нивоа, внатрешно и надворешно од компанијата
  • Поддршка и идентификување на активности  за континуирано подобрување и подобрувања на процесите и процедурите за оптимизирање на резултатите 
  • Подобрување на квалитетот на испораката, во согласност со барањата за стандарди за квалитет, барањата на компанијата и клиентот
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од техничките струки;
  • 3+  години професионално искуство во оддел за квалитет или сродни функции во автомобилската индустрија
  • Познавање на стандардите oд автомобилска индустрија (ISO-TS / IATF16949, ISO-9001, 14001)
  • Познавање и искуство со користење на  QM методите FMEA / SPC / MSA / APQP
  • Искуство и познавање на софтверите(SAP, Minitab)
  • Искуство со системи за квалитет или ревизијата на процесите
  • Познавање на анализи на основната причина и можните корективни активности во целиот животен циклус на производот
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја Вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " “Инженер за напредно планирање на квалитет (Advanced Quality Planning Engineer)” преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде