КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
Работни задачи и одговорности:
- Одговорен за примање, складирање и дистрибуција на материјали и готов производ преку иницирање, координација и спроведување на планот;
- Навремено го кооординира и планира раководењето на магациот и планот за логистика со цел да ги обезбеди соодветно складирање на материјалите во магацинот;
- Го надгледува движењет на материјалите;
- Го раководи својот тим и го координира работењето меѓу- секторски тимови во компанијата со цел да обезбеди навремено ослободување на материјалите и пратките;
- Го контролира нивото на залихи, ја одржува физичката состојба на магацинот и ги исполнува оперативните барања на магацинот,како и опрема која се користи во магацин;
- Одржува редовен контакт со врабтените и со добавувачите;
- Раководи со тимот на вработени во одделот за магацини и се грижи за развој на знаењата и на потенцијалот на членовите на тимот;
- Репортира дирекно на Менаџерот на сектор за Логистика
- Го координира персоналот во магацин со регрутирање, избирање, ориентирање и обука на вработените;
- Одговорен е за евалуирање на персоналот и нивна мотивација;
- Следење на резултатите од работата, советување и дисциплинирање на вработените.
- + 5 години работно искуство во логистика, дистрибуција или складирање на стоки, на слична позиција стекнатa во интернационална компанија;
- ВСС – Логистика, Економија, Инженеринг;
- Напредни способности за комуникација, добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми
- Познавање, почитување и примена на важечки закони, пропписи и професионални стандарди;
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
- Искуство во работа на B2B проекти и опкружување;
- Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност;
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан