Vrabotuvanje.com - Салатер во кујна - Ресорт Маврово, с.Маврово - Ресорт Маврово
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Салатер во кујна

Ресорт Маврово, с.Маврово

Рок за пријавување:

  • Ресорт Маврово

Ресорт Маврово го проширува својот тим.

Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) е една од најпрестижните дестинации за зимски и летни спортови во Република Северна Македонија, но и место за совршен фамилијарен одмор во секоја сезона. Луѓето кај нас доаѓаат како гости, но си одат како наши пријатели.

Нашите вработени се наше големо семејство и сите заедно веруваме во нашите главни вредности: лојалност, посветеност на работата, желба за раст и развој, како и грижа за природата.

Доколку сакате да работите на чист воздух и денот да ви биде исполнет со авантура и забава, аплицирајте во РЕСОРТ МАВРОВО.
 
 
Ресорт Маврово има потреба од следнава работна позиција:
 
САЛАТЕР ВО КУЈНА
 
 

Работни одговорности на Салатер во Ресорт Маврово ДОО:

  • Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
  • Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;
  • Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
  • Други одговорности соодветни на работното место Салатер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

  • Лојалност и чесност;
  • Проактивна, вредна и енергична личност;
  • Одговорност и посветеност кон работата,
  • Тимски играч и колегијалност;
  • Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
  • Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;
  • Желба за личен раст и развој;
  • Брзина и спретност;
  • Педантност во работата.

Потребни квалификации:

  • Искуство од мин. 1 година работа во кујна;
  • Познавање на основната работа во кујна;
  • Способност за подготовка на разни салати;
  • Работа во две смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

  • Сместување и 3 оброци;
  • Платени трошоци за превоз;
  • 8 слободни денови во месецот;
  • Можност за користење на теретана;
  • Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
  • Можност за напредок, награди и бонуси;
  • Обуки и тим билдинг активности;
  • Бесплатна карта за жичарница.

Локација:  Ресорт Маврово – Маврово

Тип на вработување: Полно работно време

Како да аплицирате:

Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: hr@resortmavrovo.com и во subject наведете Салатер.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.

Рок за пријавување на огласот: 30.09.2021

Disclaimer:

  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
  • Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
  • Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде