Vrabotuvanje.com - Менаџер за финансии - Македонска Каменица - САСА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер за финансии

Македонска Каменица

Рок за пријавување:

  • САСА ДООЕЛ

МЕНАЏЕР ЗА ФИНАНСИИ

Одговора на: Финансиски Директор 
Локација: Рудник САСА, М. Каменица

Менаџерот за финансии во рудник Саса ќе биде одговорен за одржување на сметководствените документи во САСА, со обезбедување на точни и навремени извештаи за крајот на месецот, полугодишни и годишни извештаи. Менаџерот за финансии помага при усогласување на финансиското работење на САСА со Групацијата и е исто така одговорен за дистрибуирање на финансиски извештаи за компанијата, планирање на буџет, проверки и подршка на менаџерскиот тим со давање свое мислење и финансиски совет што ќе им овозможи да ги донесат најдобрите бизнис одлуки за компанијата. 

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ:

Менаџерот за финансии ќе одговара на Финансискиот Директор на Саса и ќе биде одговорен но не ограничен на следново:

  • Дава подршка при стартешко плнирањеНабљудување на целокупниот работен процес за да обезбеди усогласување со политиките на компанијата и локалните законски и правни барања
  • Извршува месечни, квартални и годишни активности за да обезбеди точни завршни сметки и навремена подготовка на финансиските извештаи за компаниите на групацијата.
  • Изведува аналитички преглед на финансиски извештаи, тековни анализи, тек на пари, проверки на трошоци и трансакции.
  • Учествува во процесот за развивање на буџетот, изведување месечно буџетирање наспроти фактичка споредба.  
  • Се грижи процесот на известување да ја прикажува финансиската ситуација, вклучувајки ги можностите и ризиците,  и дава препораки за активности во неговата/нејзината област на одговорности.
  • Дава подршка при советување од страна на даночни консултанти, финансиски ревизори, банки и други групи од интерес, како директно лице за контакт за сите ревизии и инспекции.
  • Ги подготвува и им дава подршка на раководителите при анализирање на потенцијални ризици и слабости на процесот.
  • Соработува во создавање проценки, статистики презентации за раководители и оние кои донесуваат одлуки.
  • Спроведува трошоци, проекти, инвестиции и материјално контролирање на соодветниот оддел или компанијата.
  • Анализа и контрола на инвестициите околу усогласеноста со буџетот.
  • Анализа и контрола на залихата, плаќања во готово, трошоци поврзани со плати, потрошувачка, контрола на квалитетот и разлики.
  • Анализа на компанискиот фактор, оперативни информации и девијации.

КЛУЧНИ КОМПЕТЕНТНОСТИ  :

  • Интегритет и Доверба – Доверлив, директен и искрен
  • Меѓучовечки вештини – Добро се поврзува со други и може лесно да гради односи
  • Организирање – Поставува приоритети, развива работен план, го набљудува напредокот кон целите, и ги следи деталите/податоците/информациите/активностите.
  • Решавање Проблеми – Гледа подалеку од очигледното за да најде ефективни решенија.  
  • Насочен кон Резултати – Доверлив на кој може да се сметка за постигнување на постојани резултати.
  • Склон кон превземање активност – Ентузијаст.
  • Пристапност – Лесен за комуникација, способен да им олесни на другите во комуникацијата
  • Тимски играч – Способен да работи добро како дел од интегриран тим 

КВАЛИФИКАЦИИ И ПРЕТХОДНИ ИСКУСТВА:

  • Универзитетска диплома во Економија, Финансии, Математика и други слични полиња.
  • Професионално искуство во контролирање и/или сметководство, минимум 5 години.
  • Работа со компјутер (MS Office)
  • Способност да комуницира ефективно на сите полиња, со искуство во пишан и усмен англиски и македонски јазик
  • Солидно знаење и искуство во употребата на модерни ЕРП решенија. Претходно искуство во имплементирање на/или развивање на ЕРП решенија се смета како предност.
  • Познавање на сметководство, трошковни центри, P&L, трошковна анализа.
  • Познавање на IFRS, локални стандарди, се смета за предност.
  • Професионален Сертификат (ACCA DiplFRS, CPA, CMA) се смета како предност.

 

Испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде