Брендот Божиновски часовници и накит веќе 25 години создава вредности, доверба и квалитет, кои секојдневно ги пренесува на сите свои клиенти преку инвестирање и грижа за своите вработени, обединувајќи ги луксузот, убавото живеење, стилот и луѓе. Од 1996 година, започна со работа во Битола и наскоро ја прошири продажната мрежа во Скопје. Покрај сопствените пет салони, Божиновски ги нуди своите производи преку мрежа на агенти и франшизи низ Македонија. Божиновски е препознатлив како официјален претставник на врвните брендови: Omega, Breitling, Longines, Hamilton, Montblanc, Tissot, Ititoli, TAG Heuer, Calvin Klein, Swatch, Troika и Flik Flak како и уникатни колекции на златни прстени за вашите специјални моменти.
Божиновски има потреба од следната работна позиција:
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (М/Ж)
ОДГОВОРНОСТИ:
- Асистентот за продажба е одговорен навремено и континуирано да ги следи и да излегува во пресрет на барањата и обврските на клиентите
- Да создаде пријатна атмосфера при прием и пристап кон клиенти
- Да препорача производи базирани на детално техничко знаење и преференции на клиентите
- Ефикасно да ги искористи техниките и обуките за да создаде и задржи задоволна и лојална база на клиенти
- Да ги научи техничките аспекти на колекцијата на часовници и накит како и нивните специфични карактеристики
- Да обезбеди целосно пакување на производот заедно со сите документи што се однесуваат на истиот
- Одговара за одржување на стандардите за изложување и визуелна презентација на производите во продажниот салон
- Одговара за уредно складирање и чување на залихите во продажниот салон
- Ефикасно оперира со касата и ги одржува сите финансиски трансакции
- Строго се придржува до политиките на компанијата
КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум 2 години искуство во водење на интерактивна комуникација и односи со клиенти (искуство во продажба ќе се смета за предност)
- Основно познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со комјутер
- Одлична способност за ефективна усна и писмена комуникација
- Способност за ефективна работа и самостојно и како тимски играч
- Мотивирана личност управувана од остварување на резултати
- Високо организирана и одговорна личност со особено внимание на детали
- Достапност за работен распоред со полно работно време врз основа на деловните потреби и вклучително и втора смена, викенди и празници
Ваша апликација со професионална биографија испратете ја најдоцна до 15.09.2021 год. на contact@bozinovski.com.mk со назнака
Асистент за продажба – Скопје
Асистент за продажба – Битола Локација на продажни салони за дадената работна позиција:
Скопје: City Mall, East Gate Mall, Улица Македонија бр.29
Битола: Широк Сокак