Vrabotuvanje.com - Финансиски аналитичар - Скопје - ПИВАРА СКОПЈЕ АД
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Финансиски аналитичар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ПИВАРА СКОПЈЕ АД

ЗА ТВОЈАТА НОВА РАБОТА:

Позицијата финансиски аналитичар обработува и анализира податоци поврзани со финансиско известување, анализа и планирање. Како Финансиски Аналитичар ти ќе бидеш главната алка при обезбедувањето информации и евалуација на перформансот на административните функции, предупредуваjки на ризици и можности, како и за известување и анализа на целокупниот перформанс на компанијата.

ДАЛИ СИ ТИ ОВА?

  • Имаш искуство во стратешко планирање и користење алатки за известување;
  • Преферираш динамична работа;
  • Сакаш интернационална кариера;
  • Проактивен/а си и одлучен/а;
  • Сакаш тимска работа и уживаш да работиш со различни луѓе;
  • Сакаш нови предизвици и тежнееш кон успеси.

ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?

  • Високо образование, предност: Финансиски менаџмент, Сметководство и ревизија  и сл.
  • 2 + години искуство на идентична или слична позиција, ќе се смета предност претходно работно искуство во финансиска анализа/планирање, сметководство или ревизија;
  • Напредно познавање на алатките MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Напредни аналитички вештини и работа со големи бази на податоци;
  • Добро познавање на деловниот англиски јазик.

Краток опис на основните одговорности:

  • Придонесува за изготвување точни и навремени месечни, квартални и годишни финансиски извештаи на компанијата за потребите на корпорациското известување;
  • Придонесува за планирање годишни, квартални и месечни буџети по конта и трошковни места;
  • Придонесува за финансиско контролирање и анализа на перформансите на компанијата, прави споредби, извештаи и анализа;
  • Во целост ги следи и ги почитува политиките и процедурите на компанијата;
  • Активно работи на назначени проекти, меѓусекторски иницијативи и задачи Спроведува редовна евалуација и мерење на клучните бизнис индикатори на компанијата, вклучувајќи ажурирања на месечни/неделни/дневни извештаи, презентации и слично;
  • Одговорен/а за подобрување на системот за известување во согласност со релевантите промени во деловното окружување и          промените на пазарот.

Како да се аплицирате:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:  да пристапат на полето аплицирај веднаш (apply now) и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 09.09.2021.

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
​Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 98 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде