PwC е една од најголемите светски мултидисциплинарни организации кои нудат професионални услуги со над 284.000 професионалци во 155 земји во светот. Професионалци посветени на градењето на квалитетот на услугите во областа на ревизија, даноци, консултантски услуги како и услугите од областа на ИТ.
Спојте ја Вашата љубопитност со постојаните можности за учење и напредок, и направете разлика. Придружете се на PwC и бидете дел од промената.
Што бараме?
Рецепција (1 кандидат/ка)
- универзитетска диплома;
- работното искуство ќе се смета за предност;
- познавање од работа со компјутери (Word, Excel);
- способност за раководење со канцелариска опрема.
Дополнителни барања:
- течен македонски јазик и одлично познавање на англиски јазик;
- способност за тимска работа;
- амбициозна личност со способност да работи во различна и динамична работна околина;
- флексибилност.
Што нудиме?
- комплетна програма за прилагодување и вовед во работата;
- утврден систем на „пријател“ и „ментор“ за нововработените ;
- динамична и атрактивна работна околина;
- интернационални ангажмани и можности за работа во други канцеларии на PwC.
Доколку сте заинтересирани, аплициирајте најдоцна до 15.09.2021 година.
* Апликациите испратени по пошта, или на нашата е-mail адреса нема да бидат земени во предвид.