КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
СМТ Техничар (Oдржување) SMT Technician (Maintenance)
Работни задачи и одговорности:
- Планирање и извршување на сите нивоа на превентивно и предиктивно одржување;
- Решавање на секојдневни проблеми со функционалноста на опремата;
- Изнаоѓање на решенија за минимизирање на времето на застој;
- Развивање на решенија за да се намали повторната појава на проблеми со машините;
- Дефинирање и управување со резервни и потрошни делови, како и контрола на процесите во поглед на постоечка како и новата опрема.
Образование, искуство, вештини:
- ССС или ВСС електроника и мехатроника;
- Искуството со СМТопрема ќе се смета за предност;
- Познавање на електричните шеми;
- Развиени способности за решавање на приблеми на опремата;
- Аналитички вештини;
- Познавање на SAP или други MES системи ќе се смета за предност;
- Познавање на MS Office, E-Mail - Outlook апликациите;
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Позицијата подразбира работа во смени.
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за " СМТ Техничар (Oдржување) SMT Technician (Maintenance ) " , преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.