СОС Детско село Скопје преку една од своите програми поддржува згрижувачки семејства каде деца без родители и родителска грижа добиваат топол дом и родителска љубов, и стекнуваат чувство на припадност и сигурност.
СОС Детско село Скопје има потреба од мотивиран и искусен кадар кој ќе ги поддржи згрижувачките семејства во обезбедување грижа и топол дом за деца без родители и родителска грижа.
Со таа цел, Приватната установа СОС Детско село Скопје огласува 1 (едно) слободно работно место на определено време
сос домаќинка
Опис на работата:
СОС Домаќинката е поддршка на згрижувачот кој се грижи за деца кои му се доделени во негова грижа.
СОС Домаќинката дава поддршка во секојдневните активности поврзани со децата и домот (одржување на хигиена, набавки во семејството, подготовка на оброци, грижа за развојот на децата)
Клучни задачи:
- СОС Домаќинката дава подршка на згрижувачите кон нивните секојдневни задолженија и активности поврзани со децата и семејниот дом.
- Дава поддршка во директна грижа за развојот на децата (одржување на лична хигиена на децата, правилна исхрана, посети на лекар) и при воспитно образовната работа со децата (помош при завршување на училишните обврски, посета на културно-забавни манифестации, учество во слободни активности на децата,) гради и негува стабилен однос со децата
- Дава поддршка при реализирање на секојдневните активности во згрижувачкото семејство (набавка на прехранбени производи и други производи потребни за домаќинството, подготвување на оброци и одржување на хигиената во домаќинството,)
- Помага на децата во учење, систематски ги развива работните, хигиенските и културните навики кај децата, се грижи за здравјето на децата, се грижи за редовно земање на пропишаната терапија и пропишан режим на исхрана.
- Помага на децата во учење, во развивање на работни, хигиенски и културни навики.
- Ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.
Работни услови:
- Вработените во СОС Детски села имаат можност постојано да ги надградуваат своите знаења и вештини преку обуки, индивидуална и групна супервизија и размена на искуства;
- Работа на определено време
- Работа во смени, празници согласно изготвен распоред
Карактеристики (Потребни компетенции):
СОС домаќинката ги исполнува следните услови:
- Има најмалку средно образование
- Не е осудуван/а
- Умее да одговори на развојни потреби на децата
- Флексибилност и способност брзо да се прилагодува на различни семејства и деца
- Отвореност и толерантност кон различни култури
- Возраст од 35 – 45 години (се зема за предност)
- Искуство во работа со деца
- Има добри вештини на комуникација, позитивен став кон работите и околината која ja опкружува
Како да се пријавите за Домаќинка ?
Доколку имате желба да станете СОС Домаќинка, Ве молиме да ја испратите Вашата кратка биографија-како би имале увид во Вашето досегашно искуство и испратете ја најдоцна до 19.09.2021 со назнака Оглас за СОС Домаќинка на:
Адреса: СОС Детско Село Скопје
ул. Финска бр 131
1040 Скопје
E-mail: kariera@sos.org.mk