Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - ДС СМИТХ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • ДС СМИТХ

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија. Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.

Повеќе информации на www.dssmith.com

ДС Смитх како компанија става голем акцент на грижата за своите вработени, нивниот развој, напредување и усовршување на работното место. Го цени трудот на вработените и спроведува различни активности за подобро тимско работење, остварување на стратегиските цели и секојдневно живеење на корпоративните вредности.

Ги охрабруваме сите кои бараат работодавач како DS Smith да аплицираат на отворениот оглас, спремни сме да обучуваме нови колеги и да допринесеме за растот и развојот на компанијата!

 
DS Smith Скопје вработува:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
 
 
Потребни квалификации:
  • Високо образование – Економски факултет
  • Минимум 3 на иста или слична позиција
  • Активно користење на англиски јазик
  • Напредно користење на компјутер – MS Office
  • Уверение за овластен сметководител
  • Познавање и работа во SAP систем ќе се смета за предност

Способности и вештини:

  • Организациски и аналитички способности
  • Одлични комуникациски способности
  • Проактивност и насоченост кон резултати
  • Мотивирана и стабилна личност

 Одговорности:

  • Врши сметководствени операции во согласност со локалните законски/МСФИ барања и локалното даночно законодавство
  • Евиденција и обработка на влезна и излезна докуменатција
  • Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
  • Изработка на извештаи и анализа на истите
  • Врши контрола на трошоци и буџетирање
  • Подготвување и реализирање на ДДВ пријави
  • Сметководствени книжења согласно законски стандарди
  • Следење и имплементирање на измени согласно законска регулатива

Што нудиме: одлични услови за работа, работа во интернационална компанија, работа во динамична атмосфера со можност за професионален развој

Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, сте флексибилни, спремни за учење и напредок во кариерата

АПЛИЦИРАЈТЕ!
 
Преку полето Брза Апликација не подоцна од 15.10.2021, со задолжителна назнака за позицијата за која аплицирате.

Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде