КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
- Инженерот е одговорен да планира инвестиции на опрема, капацитет на производството и координација на трансфер на нова опрема поврзана со лиење на пластика.
- Позицијата вклучува секојдневна комуникација во самата фабрика со oстанатите оддели како логистика, производство квалитет и други оддели како и глобално во самата групација со цел да се координираат потребните обврски околу планирање и извршување на секојдневните обврски.
- Планирање на капацитетот на машините и калапите за лиење на пластика
- Планирање на идни инвестиции
- Координирање на интеграцијата на нова опрема во фабриката
- Координација на дислоцирање на алати кај достапни добавувачи
- Техничка анализа на опрема (калапи со машина и периферија)
- Планирање на паковање на лиените компоненти
- Контрола на листата на материјали (BOM control) за лиени компоненти
- Контрола на работните планови (routing control
- ВСС – (пожелно: Maшинство, Индустриско Инженерство, Инженерски Материјали)
- Основно познавање на процесoт за лиење и дизајн на калапи за пластика ќе се смета за предност
- Способност за работата со технички цртежи
- Способност за планирање на капацитетoт на производство ќе се смета за предност
- Познавање на статистички методи за контрола на процес (SPC, MSA)
- Генерално познавање на автомобилската индустрија ќе се смета за предност
- Способност за анализа на барањата на проект и проценка на ризици
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail);
- Познавање на германскиот јазик, како и искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност;
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;