Vrabotuvanje.com - Менаџер за развој на продажба - Штип, Скопје, Куманово и Битола - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер за развој на продажба

Штип, Скопје, Куманово и Битола

Рок за пријавување:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија.

ФД М Кеш како лидер на пазарот нуди брзи кредити преку онлајн каналот, директно преку Продавниците за пари и преку третиот канал - мрежа на Мобилни кредитни консултанти (МКК).

Со цел да ги задоволиме потребите на населението преку обезбедување на удобна услуга на место и време кое му одговара на секој клиент и ширење на постоечката мрежа на мобилни кредитни консултанти  М Кеш има потреба од 
 

МЕНАЏЕР ЗА РАЗВОЈ НА ПРОДАЖБА
Реон: Штип, Скопје, Куманово и Битола

 


Опис на работни задачи:

  • Креирање на свој тим  преку ширење на мрежа на мобилни кредитни консултанти
  • Интервјуирање, селекција и ангажирање на мобилни кредитни консултанти
  • Теоретска обука на мобилни кредитни консултанти ( запознавање со продуктите кои ги нудиме и условите)
  • Практична обука на мобилни кредитини консултанти ( продажба на продукти на терен )
  • Ширење на база на нови клиенти преку МКК
  • Координација и менаџирање на продажниот тим на компанијата
  • Одговорен за постигнување на продажните планови и таргети
  • Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите и трошоците за продажба

Потребни квалификации:

  • Самоиницијативност
  • Добра организираност
  • Пожелно искуство на иста или слична позиција
  • Валидна возачка дозвола, Б категорија;
  • Одлични и организаторски и комуникациски способности
  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Лидерски и аналитички вештини;
  • Флексибилност, проактивност и лојалност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа.
  • Посветеност и одговорност кон задачите и работата
  • Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок
  • Познавање на Microsoft Office

Ние нудиме:

  • Компетитивна плата
  • Дополнителни бонуси
  • Пријателска работна атмосфера
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст
  • Работа на терен
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа

 

Испратете го вашето CV или мотивационо писмо преку полето
Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде