КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана во вкупно 21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер.
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
Инженер за планирање на производство (Production Planning Engineer)
Работни задачи и одговорности:
- Инженерот за планирање на производство е задолжен за развојот на производот и започнување на проектот;
- Обезбедува планирање во однос на новите и веќе постоечки производи и процеси, со што ќе се управуваат и намалуваат ризиците на проектот во сите фази на производство;
- Ги подготвува, спроведува и следи сите промени поврзани со производот и производството, обезбедуваќи усогласеност со барањата на клиентот за функционалност и квалитет на самиот производ;
- Директно соработува со раководителот на проектот и тимот на инженери, со цел да се исполнат сите релевантни фази од проектот сè додека не се изврши предавањето во сериско производство;
- Дава целокупна поддршка во сериската фаза на производство доколку има какви било промени во текот на истото.
Образование, искуство, вештини:
- ВСС од мехатроника
- Искуство со анализа на причините и управување на ризик во целиот животен циклус на производот;
- Познавање на работа со технички цртежи
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Најмалку 2 годишно работно искуство во управување со проекти ќе се смета за предност;
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со известување за "Инженер за планирање на производство (Production Planning Engineer)" , преку полето Брза Апликација.
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.