ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА - ШТИП
Кандидатот потребно е да ги има следните квaлификации:
- Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот;
- Одлично познавање на пазарните прилики во регионот;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Возачка дозвола Б категорија.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Менаџерски и лидерски способности;
- Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
- Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
- Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации;
- Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
- Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.
Од кандидатот се очeкува:
- Го заменува Раководителот на експозитурата во негово отсуство;
- Го информира својот претпоставен за сите активности и за други значајни проблеми од областа на работењето во организационата единица;
- Изготвува извештаи за своето работење до Раководителот на експозитурата, а во врска со сите работни процеси, работи и работни задачи во експозитурата;
- Ги познава банкарските производи и услуги и може истите да ги промовира, предлага и продава, како и да обезбедува дополнителни информации за истите;
- Учествува во правилно затворање на работниот ден во експозитурата;
- Да се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата;
- Врши и други работни задачи по налог на раководителот на експозитурата, Директорот на Дирекцијата и Управниот одбор на Банката.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 15.10.2021 година.
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk