Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата и дистрибуцијата. Доколку имате желба да бидете дел од компанија со големо искуство која го разбира значењето на човечкиот капитал и се грижи за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување, Ве молиме внимателно проследете го следното:
Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје го објавува следното слободно работно место:
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА
за реон Штип, Струмица, Кавадарци, Неготино и Гевгелија
1(еден) извршител на определено време од 3(три) месеци со можност за продолжување
Услови за вршење на работата:
- ССС;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Работно искуство во областа ќе се смета за предност;
Краток опис на работните обврски:
- Редовна посета на маркетите за кои е задолжен;
- Проверка на состојбата на сите наши производи во маркетот;
- Надополнување на производите на рафт.
Работното време трае 5 работни дена односно 40 часа неделно. Од понеделник до петок
работното време започнува во 08:00 часот, а завршува во 16:00 часот.
Основната нето плата изнесува 17.000,00 денари плус дел од плата за работна успешност.
Вашата кратка биографија испратете ја преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА или доставете ја на Ул.Качанички пат бр.254 во рок од 5 работни дена од 30.09.2021 година до 06.10.2021 година.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од: Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Лице за контакт: Маја Смилевска