Vrabotuvanje.com - Проект за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи - Скопје - ЕВН Македонија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Проект за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕВН Македонија

 

 
ЛОСТ - Проект за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за студенти од енергетските насоки, чиј вкупен нето приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2020 година по сите основи не надминува 400.000,00 денари.

Оваа година ќе бидат доделени 10 (десет) стипендии на студенти кои во учебната 2021/2022 се запишале по прв пат во I, II, III и IV година на енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при УКИМ, Техничкиот Факултет - Битола и Електротехнички факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип 

Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање. 

Обврски на корисникот на стипендијата:
  • Студиската година да ја заврши во рок
  • Да има положено најмалку 70% од испитите од претходната година за продолжување на стипендијата
  • Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач 
Потребни документи за аплицирање:
  • Кратка биографија 
  • Потврда за редовeн студент запишан во зимски семестар за студиската 2021/2022
  • Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители – старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција, организација или компанија
  • Изјава за согласност за обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата
  • Есеј на тема „Мојата иднина како електро-инженер“
Сите потребни документи испратeтe ги на stipendii@evn.mk со назнака во subject: за стипендија, најдоцна до 30.10.2021

ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси и организација
www.evn.mk, jobs@evn.mk

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде