Vrabotuvanje.com - Возач на влекач-нисконосечка полуприколка - Скопје - ГД ГРАНИТ АД Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Возач на влекач-нисконосечка полуприколка

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГД ГРАНИТ АД Скопје

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

ГД Гранит АД Скопје има потреба од

Возач на Влекач-нисконосечка полуприколка  – 1 извршител

Потребни квалификации:
  • Средна стручна спрема
  • Пожелно е да има минимум 3 години работно искуство како возач на влекач
  • Возачка дозвола E категорија
Клучни одговорности и задачи:
  • Доследно да го применува упатството за ракување и одржување на транспортните и други возила и да ги извршува сите работи предвидени со упатството за ракување и одржување на возилото и тоа: промена на уље, филтери, систем за ладење, мерни инструменти, исправност на сопирачкиот систем, подмачкување, чистење, притегнатост на склопови, делови и друго и е одговорен за нивната доследна примена;
  • Секојдневно да ја проверува и да ја контролира исправноста на транспортното средство со кое е задолжен;
  • Да ги применува и употребува предвидените заштитни средства и мерки при работа и движење на возилото за лична сигурност и сигурност на другите лица-учесници во сообраќајот;
  • Благовремено да го известува раководителот на транспортни средства за настанатите промени и дефекти во работата на возилото со кое е задолжен и лично да превзема активности и мерки за поправка на возилото при монтажа и демонтажа на делови,гуми и друго.
Компанијата нуди:
  • Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
  • Основна нето плата 17.870,00 денари
  • Работа во Скопје и на терен
Личен профил:
  • Организираност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,00 до 15,00 часот.

Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето. 
 
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk. 
 
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748.  и 071 227-218
 
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
 
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде