Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема
- Пожелно е да има минимум 3 години работно искуство како возач на миксер за бетон
- Возачка дозвола Ц категорија
Клучни одговорности и задачи:
- Доследно го применува упатството за ракување и одржување на транспортните и други возила и ги извршува сите работи предвидени со упатството за ракување и одржување на возилото и тоа: промена на масло, филтери, систем за ладење, мерни инструменти, исправност на сопирачкиот систем, подмачкување, чистење, притегнатост на склопови, делови и друго и е одговорен за нивната доследна примена;
- Секојдневно ја проверува и контролира исправноста на транспортното средство со кое е задолжен;
- Ги применува и употребува предвидените заштитни средства и мерки при работа и движење на возилото за лична сигурност и сигурност на другите лица-учесници во сообраќајот;
- Благовремено го известува раководителот на транспортни средства за настанатите промени и дефекти во работата на возилото со кое е задолжен и презема лично активности и мерки за поправка на возилото при монтажа и демонтажа на делови, гуми и друго.
Компанијата нуди:
- Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување.
- Работата се извршува во Скопје и на терен
- Основна нето плата во висина од 16.870,00 денари
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,00 до 15,00 часот.
Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае десет работни дена од објавувањето.
Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk.
За дополнителни информации кандидатите можат да ја контактираат службата за Човечки ресурси на тел. бр. 02 3218-748. и 071 227-218
Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност вашите податоци да бидат задржани во базата на податоци на компанијата и користени од наша страна во рок од 6 (шест) месеци.
Само одреден број кандидати кои ги исполнуваат бараните критериуми ќе бидат повикани на интервју.