Елена Лука Хоум вработува маркетинг агент
Потребни квалификации:
- Завршено ВСС (Маркетинг; Бизнис економија; или слично)
- Одлично познавање на алатките за рекламирање (Google Ads, FB / Instagram Ads)
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Работно искуство од минимум 2 години во областа
- Познавање и менаџирање на веб страни за продажба (следење продажба; статистика; менаџирање на артикли) се смета за предност
Потребни вештини и познавања:
- Одлични познавања и искуство во областа на маркетингот
- Познавања и следење на светските трендови, конкуренцијата и новости во маркетингот
- Иницијативност, доверливост, способност за креативна работа
- Способност за функционирање во високо динамична работна атмосфера
Услови:
- Пријатна работна атмосфера
- Можности за напредување
- Работно време секој работен ден од 08 до 16 часот
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.