НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Банката во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за ризици, евалуација и контрола и ви нуди можност за работа во динамична средина со можност за стекнување на нови знаења и искуства како и постигнување на дополнителни резултати. Отворените работни позиции се во сегментот на управување на глобалниот ризик, креирање на Risk модели, управување со податоците поврзани со управување со ризици.
1. ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР
Твоите работни цели:
- Подготовка на извештаи од областа на управување со кредитни ризици
- Следење на законската регулатива од областа на управување со ризици
- Изработка на класификација на активата на банката и модели за класификација на клиентите
- Автоматизација на извештаи за следење на изложеност
Твојот профил:
- Универзитетско образование
- Претходно работно искуство во областа на управување со кредитни ризици или во делот на ревизија од областа на кредитни ризици со минимум 1 год
- Подготвеност за креативно и иновативно размислување
- Напредни комуникациски и организациски вештини
- Способност за тимска работа, самоиницијативност и aналитички вештини
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office
2. САМОСТОЕН ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР / КООРДИНАТОР НА АКТИВНОСТИ
Твоите работни цели:
- Координација на тимот/активностите како и учество и следење на деловната стратегија на Банката;
- Организирање, делегирање и професионален развој на вработените;
- Одржување високо ниво на тимска синергија и одлична комуникација со раководството на Банката;
- Следење на законската регулатива од областа на управувањето со ризици;
- Координација во развивање и имплементација на нови решенија во насока на задоволување на регулаторните барања и интерни модели за управување со ризици.
Твојот профил:
- Универзитетско образование;
- Претходно работно искуство од 3 год. во сегментот на управување со некредитни ризици;
- Солидни лидерски, менаџерски, комуникациски и организациски вештини;
- Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
- Способност за тимска работа, самоиницијативност и aналитички вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Твој мотив да ни се придружиш:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на nlbkariera@nlb.mk.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.