НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Банката во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за развој на понуда и маркетинг и ви нуди можност за работа во динамична средина со можност за креативно изразување, стекнување на нови знаења и искуства како и можности за постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот на унапредување на маркетинг активности на банкарските продукти и услуги на Банката, конкретно во областа на Дигитален маркетинг, односно развој, унапредување и користење на нови современи дигитални алатки и канали на комуникација.
Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвиците, Ве покануваме да се пријавите на отворената работна позиција:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ
Твоите работни цели:
- Развој и имплементација на сеопфатна стратегија за дигитален маркетинг и подготовка на маркетинг кампањи на различни дигитални канали во согласност со генералниот маркетинг план на Банката;
- Оптимизирање на дизајнот и креирање на маркетинг содржина (content marketing) во насока на генерирање на поголема свест за НЛБ Брендот и продуктите на Банката, привлекување нови клиенти и задржување на постојните клиенти;
- Креирање и администрирање на содржината за веб страницата и социјалните мрежи на Банката;
- Работа со SEO (Search Engine Optimization) и зголемување на сообраќај на веб страницата на Банката;
- Планирање и контрола на маркетинг буџетот за дигитален маркетинг;
- Анализирање на резултатите од ефикасноста на кампањите на различни дигитални канали за рекламирање;
- Координација на работата со надворешни изведувачи во областа на дигитален маркетинг и контрола и управување со платформите од надворешните изведувачи;
- Истражување на пазарот, следење и анализа на активностите на конкуренцијата и следење на најновите светски трендови за алатки, тактики и дигитални канали за комуникација;
- Приспособување и следење на стандардите за визуелна комуникација и графички имиџ на ниво на НЛБ Групацијата.
Твојот профил:
- Универзитетско образование;
- Претходно работно искуство во маркетинг сегментот од минимум три години, (препорачливо искуство од областа на дигитален маркетинг);
- Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
- Напредни комуникациски и организациски вештини;
- Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Твој мотив да ни се придружиш:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк
со избирање на работната позиција или на nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 23.10.2021 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.