УНИ Банка нуди можност за вработување на искусни и мотивирани кредитни аналитичари со желба за работа во динамична атмосфера и одлични услови за развој.
Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!
Потребни квалификации:
- Диплома за завршено високо образование – Економски факултет;
- Работно искуство од најмалку 1 година во финансиски институции;
- Работно искуство во изготвување на финансиски анализи на правни субјекти ќе има приоритет при изборот;
- Добро познавање на економските трендови и аналитички способности во областа на корпоративниот сектор;
- Афинитети за тимска работа;
- Добро познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Возачка дозвола Б категорија.
Основни работни активности:
- Управување со корпоративните клиенти на банката;
- Изработување комплетна анализа и проценка на финансиската и економската состојба на корпоративните клиенти на банката;
- Директна комуникација со корпоративните клиенти на банката;
- Презентација на кредитните барања до надлежните органи на одлучување на банката;
- Следење на договорните обврски на корпоративните клиенти на банката;
- Унапредување на соработката со постоечките клиенти на банката.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Заинтересираните кандитати да испратат e-mail на
jobs@unibank.com.mk најдоцна до 27.10.2021 година
Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk