Биотек ДОО Скопје, објавува оглас за регрутирање на професионални кадри – потенцијални кандидати за позицијата:
MEDICAL ADVISOR
- сектор молекуларна биологија -
Потребни квалификации:
- Високо образование – ВСС Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет;
- Мин. 2 години работно искуство на иста или слична позиција е предност;
- Активно работно користење на англиски јазик (пишан и говорен);
- Работно користење на компјутер – MS office, интерент пребарување;
- Задолжително поседување на возачка дозвола Б-категорија, активен возач.
Потребни способности и вештини:
- Одлични комуникациски и развиени презентерски способности;
- Проактивност во остварување на целите;
- Тимска работа и комуникација со колеги и клиенти;
- Градење долгорочна деловна релација;
- Активен придонес во развој на компанијата.
Главни одговорности:
- Промовирање на портфолиото од фирмата за сегментот за кој е одговорен;
- Редовни контакти и посета на клиенти- доктори и здравствени институции;
- Учество и подршка на промоции и слични активности;
- Следење на конкуренција;
- Работно време од 08-16 часот, понеделник- петок.
Известување за приватност на кандидати за вработување
Со доставата на мојата биографија се согласувам Биотек ДОО Скопје да обработува податоци за цели на пополнување на отворената работна позиција за која конкурирам но и да ги користи податоците од мојата биографија, вклучувајќи ги и сертификатите, препораките и сите останати документи со цел во иднина да ги разгледа и за други отворени работни позиции од кои ќе има потреба компанијата.
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил за позицијата, пратете Ваша апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.