Vrabotuvanje.com - Инженер за безбедност при работа - Скопје - МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Инженер за безбедност при работа

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ

Макстил АД Скопје (www.makstil.com) како компанија постои повеќе од 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.
 
Kако дел од DITH, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 950 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.        
 
Во моментов, во рамки на нашиот тим отворено е следното работно место:
 

Инженер за безбедност при работа – 1 (еден) извршител

Опис на работно место:

  • Води евиденција на активностите за заштита при работа во работните единици во компанијата;
  • Ги следи законските регулативи од областа на безбедност и здравје при работа и ги усогласува интерните акти со истите;
  • Учествува во обуките на вработените, ги утврдува ризиците на работните места, врши инспекции на опремата од технички аспект и учествува во безбедносни контроли;
  • Учествува во организацијата на систематските прегледи на вработените;
  • Соработува со инспекциските служби на општинско и републичко ниво.

Основни квалификации:

  • Високо образование, 240 ЕКТС - Дипломиран инженер за заштита при работа;
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Уверение за положен стручен испит за безбедност и здравје при работа од МТСП.

Основна одговорност

  • Вршење надзор над спроведувањето на мерките за безбедно извршување на работата;
  • Навремено и квалитетно извршување на работните задачи.

Дополнителни квалификации

  • Способност за планирање и менаџирање;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Прецизност и аналитичност;
  • Способност за работа под притисок и со рокови;
  • Тимска работа и кооперативност.

Што ние нудиме:

  • За кандидати без работно искуство – почетна плата од 27.000 денари;
  • За кандидати со работно искуство – почетна плата од 35.000 денари, со можност за повисока во зависност од искуството;
  • На секој вработен му следува дополнително и храна и превоз;
  • Бонуси во зависност од перформансот;
  • Динамично опкружување со можност за учење, развој и напредок;
  • Позитивна работна средина.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат преку полето Брза Апликација, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 25.10.2021 година.

Макстил АД Скопје води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Машинско инженерство и Бродоградба изнесува 26.404 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде