Техничар во одел за оддржување - Механичар
ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Ги инсталира и одржува механичките системи во фабриката и/или ги поправа машините или системите според инженерските спецификации. Работата ја врши под надзор. Ги подмачкува машините во фабриката и ги следи инструкциите од работното упатство за подмачкување.
- Ги идентификува и поправа механичките проблеми доколку е потребно, вклучувајки замена и поправка на некои делови од машините.
- Извршува привремени корективни поправки кога е потребно за да се надмине проблемот и да се избегне запирање на линијата или одложување во процесот на производство.
- Составува листа од потребни делови/материјали која содржи опис на резервните делови или материјалот.
- Ги следи и почитува безбедносните мерки за користење на системот и се води според прирачникот за решавање на проблеми.
- Ги поправа, одржува и инсталира механичките системи и опрема во согласност со нацрт плановите, диаграмите скиците, работните упатства за користење и спецификациите од производителот за правилно работење на машините како што се: преси, спирални транспортери, сита, екструдери/дигестори.
- Извршува помали електрични поправки и решавање на проблеми.
- Одржува чиста и организирана работна околина според стандардите на компанијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено средно механичко образование или друга сертифицирана програма од таа област во минимум времетраење од 3 години.
- Минимум 3 години поврзано работно искуство (дополнително работно искуство може да биде заменето за образование и обратно)
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.