Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на eлектронски печатени плочки
компанија која постои 40 години, со повеќе од 220 вработени, од кои над 100 се дипломирани инженери и извезува 100% од своето производство на странски пазари, опслужувајќи широк спектар на индустрии (Bosch, Siemens, Apple, Continental)
Hi-tech Corp. објавува
К О Н К У Р С
за вработување на повеќе лица на позицијата:
ИНЖЕНЕР ЗА АВТОМАТИКА И РОБОТИКА
Потребни квалификации:
- Завршен факултет за електротехника и информациски технологии (пожелно КСИАР, КХИЕ, КТИ) или машински факултет (пожелно Мехатроника, Автоматизација и управувачки системи), со или без работно искуство (работното искуство ќе се смета за предност).
Работни задачи:
- Изнаоѓање и имплементирање на нови начини за автоматизирање на системи
- Дизајнирање и тестирање на автоматска опрема и процеси
- Програмирање на нови автоматски компоненти (PLC, роботска рака, итн.)
- Идентификување на проблеми во квалитетот и изработка на соодветни извештаи
- Активно следење на производните процеси
- Елиминирање на дефекти и грешки во производствените процеси
- Оптимизација и подобрување на работата на процесите
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:
- Одлично познавање на компјутери
- Познавање на англиски јазик
- Основни познавања на работа со PLC
- Способност за дијагностицирање на проблеми
- Креативно размислување
- Способност за работа во тим
- Способност за следење на континуирани обуки, да се дисциплинирани, одговорни и посветени на работата
Компанијата обезбедува:
- Организиран превоз од и до работното место
- Обуки
- Склучување на договор за работа
Кандидатите кои ги исполнуваат условите можат најдоцна до 15.11.2021 да достават кратка биографија – CV на е-маил: contact@hitech.com.mk
Ќе бидат разгледани само оние апликации кои содржат комплетни информации (адреса, телефон и датум на раѓање, фотографија, назив на фирмите и период во кој е стекнато претходното работно искуство, итн.) и скенирано уверение за завршено образование.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.