Vrabotuvanje.com - Главен сметководител - Скопје - МУР СТИВЕНС ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Главен сметководител

Скопје

Рок за пријавување:

  • МУР СТИВЕНС ДОО Скопје


Мур Стивенс ДОО Скопје е друштво за ревизија и сметководство, организирано во два оддела, оддел за ревизија и оддел за сметководство. Одделот за сметководство функционира како сметкводствено биро, во кое има еден главен сметководител и три сметководтели. Секој од нив е задолжен со определен број клиенти, за кои го води целокупното книговодство. Дополнително, главниот сметководител врши проверка на работата на книговодителите со давање насоки, учествува во комуникацијата со сите клиенти во случаи кога за тоа има потреба и ги изработува годишните сметки. 

При изборот на кандидати за главен сметководител, предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во сметководствено биро. 


ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
 

Потребни квалификации:

  • Диплома за завршено образование на економски факултет 
  • Работно искуство од најмалку 10 години во областа на сметководството. 
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител 
  • Одлично разбирање на сметководствени правила и политики, вклучително МСФИ и МСС 
  • Способност за брзо прилагодување и самоиницијативност, одржување на фокус и висок 
  • степен на точност додека работи со сложени податоци, во средина со утврдени месечни 
  • рокови за известување, приоритети и барања 
  • Способност за тимска работа, фокус на контрола и давање инструкции 
  • Способност за прилагодување на барањата на клиентите и давање одговори на прашања 
  • Комуникациски способности во односите со клиентите 
  • Познавање на англиси и српски јазик 
  • Одлично познавање на MSOffice (Excel, Word) 
  • Пожелно е (не е обврзувачко) познавање на сметководствениот програм Helix 

Работни одговорности:​

  • Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото 
  • Самостојно книжење и вршење на контрола на влезни и излезни фактури за трошоци, 
  • основни средства, банкови изводи (девизни, денарски), извоз, благајна 
  • Срамнување на картици со добавувачи и закупци 
  • Изготвување на конфирмации и компензации 
  • Контрола на конта 
  • Изработување на ДДВ пријава 
  • Изработка на КИПО, КВС, ВСС и слично и нивно поднесување 
  • Подготовка, потпишување и поднесување на годишна сметка 
  • Изработка на извештаи за статистика 
  • Водење на ревизија (даночна, годишна) 
  • Изработка на извештаи при затворање на месец
 

Испратете ни ја Вашата биографија електронски преку полето Брза Апликација.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се  согласува неговите лични податоци наведени во биографијата да бидат чувани во база на податоци и обработувани од Мур Стивенс ДОО Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. 

Кандидатите имаат право во секое време да ја повлечат дадената согласност за чување и обработка на податоците согласно Законот за заштита на лични податоци. Мур Стивенс ДОО Скопје ќе изврши избор во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати. Работното време е 40 часа неделно од понеделник до петок по однапред утврден распоред. 

 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде