Лион ДОО
има потреба од следната работна позиција:
МАГАЦИОНЕР
(1 ИЗВРШИТЕЛ)
Цел на местото: Непречено извршување на функциите и надлежности од делокругот на Одделението, конкретно адекватно водење на магацинот.
Потребни работни услови:
- Потребно искуство: Искуство со работа во магацин се смета за предност, но не е неопходно. Следи соодветна обука;
- Образование: ССС/IV степен образование;
- Почетна плата во зависност од искуството и знаењето од 18.000 до 25.000 денари;
- Работно време во смени; од 06:00-14:00/14:00-22:00 часот.
Потребни специфични вештини и квалификации:
- Основно познавање од областа на логистика, увоз и систем на набавки;
- Компетенции во користење на програмите на Microsoft Office;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Прецизност, аналитичност и ориентираност кон резултати;
- Одговорност во исполнување на зададените цели и работни задачи;
- Високо развиени организациски вештини;
- Педантност и прецизност во работата.
Клучни задачи и одговорности:
- Одговорен за комплетно водење на магацинот и сите логистички функции поврзани со транспортот;
- Ја планира, насочува и контролира работата на останатите вработени во магацинот;
- Врши контрола и известува за квалитет и квантитет на складираните единици на магацинот;
- Организирање на вршењето утовар и истовар на роба при прием и издавање во координација со останатите вработени во Одделението за набавка, увоз и логистика;
- Одговорен за правилно одржување и складирање на постоечката роба во магацинот;
- Одговорен за одржување и функционално користење на магацинскиот простор;
- Го следи нивото на оптимални залихи на производи и грижа за оптимизација на работниот процес на магацинот;
- Координација и контрола на сите нарачки за превземање и испорака;
- Управување со сите безбедносни аспекти за адекватно обезбедување на магацинот и сите возила за превоз;
- Комуникација, координација и контрола на сите нарачки за превземање и испорака;
- Правење на планови за смени за сите вработени во магацинот;
- Учествува во организирање на сите останати активности поврзани со магацинот, приемот и испораката на робата.
Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да се пријават со испраќање на своето CV преку полето Брза Апликација.