Во рамки на нашата иницијатива train2germany нашите партнерски компании бараат нови вработени со искуство во електриката/електрониката, идеално со фокус на железничката инфраструктура. Ти го имаш ова искуство и се интересираш за почетокот кај една од нашите партнерски компании во Германија? Тогаш пријави се кај нас!
Ние те бараме како електроничар (ж/м/р) за вработување на неопределено време како монтер за надземен електричен вод (ж/м/р) или сигнален механичар (ж/м/р) на една од разните локации во Германија.
Стани електроничар (ж/м/р) за ангажирање во железничката инфраструктура
Вашиот train2germany
Твоите задачи:
- Ти си одговорен за одржувањето и монтажата на компонентите од надземниот електричен вод или на бројни разни инсталации и техники во подрачјето на спроводната и безбедносната техника
- Во зависност од работното подрачје отстрануваш пречки и извршуваш редовна замена на поединечните компоненти од надземниот електричен вод или се грижиш пред сè за електронските компоненти, на пр. сигнали (сигнална техника), свртници и железнички системи за сигнализација, кабли со оптички влакна но ќе ги запознаеш и механичките компоненти
- Работите ќе ги извршуваш претежно во тим, но и самостојно
Твојот профил:
- Успешно го заврши твоето образование во подрачјето на електрониката или електротехниката (на пр. како електричар, електроничар за работна техника или автоматизирачка техника, електроинсталатер или во слична професија) и поседуваш повеќегодишно професионално искуство од ова подрачје
- Идеално веќе имаш професионално искуство во железничката област или дури специфично железничко образование како монтер за надземен електричен вод и/или механичар за заштитни механизми
- Сакаш да се преселиш во Германија, ние сме тука да помогнеме
- Почетни познавања на германски се предност
- Имаш возачка за ПМВ
- Монтажни активности и ноќни смени за тебе не се никаков проблем
Краен рок на аплицирање до 15.12.2021