Компанијата МЕЛМАКС БМ се занимава со дистрибуција и продажба на материјали за градежништво од земјата и од странство. МЕЛМАКС БМ е основана 1993 година и со своето професионарално работење успева да ја заземе водечката позиција во оваа дејност. Компанијата е лоцирана на две локации дирекција Порта Влае и склад во Визбегово што претставува и диструбутивен центар за испорака на материјали за нашите купувачи.
МЕЛМАКС БМ има потреба од
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Локација – Порта Влае - Скопје
- Завршено високо образование од областа на економски науки,
- Напредни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот,
- Познавање на англиски јазик и регионални јазици (вербална и писмена комуникација),
- Задолжително претходно работно искуство од три години во струката,
- Солидно познавање и следење измени на домашната законска регулатива и релевантни сметковотствени стандарди,
- Пожелно поседување уверение за овластен сметководител
- Книжење на комплетна финансиска документација,
- Калкулации, фактури, пописи, плт, девизни изводи,
- Комуникација со сите релевантни државни институции,
- Конфирмации на салда и сложување на аналитички картици со купувачи и добавувачи,
- Асистирање во припрема на различна документација и координација на работата при разни ревизорски или инспекциски контроли,
- Изготвување на ДДВ,
- Изготвување на пресметка на данок на добивка,
- Изготвување на плата и боледување по потреба,
- Усогласување на ЕВТ со книговодствена состојба за продавница,
- Проверка на точноста на почетната и крајна состојба на побарувања и залиха,
- Пополнување и доставување на статистички извештаи.
- Лојалност и чесност,
- Организираност и одговорност,
- Исполнителност и професионалност,
- Прецизност и темелност,
- Aналитичност и уредност,
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење.
Компанијата нуди обука на одбраниот кандидат, редовни месечни примања, одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим и можност за континуиран, професионален развој и напредување.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно ги поседувате горенаведените критериуми ве молиме испратете ја вашата кратка биографија (CV) преку полето Брза Апликација со предмет (subject) Сметководител.