МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола е Друштво за проектирање, производство и монтажа на челични конструкции и опрема, како и услугите поврзани со нив.
Челичната конструкција изработена во МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола ги исполнува највисоките критериуми за квалитет според EN ISO1090-2 EXC4 и EN ISO 3834-2, врз основа на што истата е погодна за извоз на пазарот на Европската Унија, означена со CE знак и декларација за сообразност.
Мисијата на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола е етаблирање во регионот како препознатлива компанија за метални конструкции и опрема, од проектирање, преку производство, до монтажа од страна на високо стручен тим, користејќи напредна технологија и практични искуства, како и водејќи сметка за зачувување на животната средина.
Основен показател за успехот на МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола е брзиот и траен раст, постојаниот развој и динамичност.
За компанијата дознајте повеќе на www.monting.mk и на нашата Facebook страна
Со цел да ги задоволиме потребите од зголемениот обем на работа, МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола објавува оглас за:
- Способност за работа во производна хала
- Способност за теренска работа на објект
- Мотивираност за исполнување на зададените цели
- Работно искуство во дејноста
- Познавање на работилнички и технички цртежи
- Подготовка на работата во производната хала и на терен
- Составување и монтирање на метални склопови
- Брусење на позиции
- Изработка на метални конструкции по нацрт
- Грижа за техничките карактеристики на производите
- Помош при утовар и растовар на материјали
- Други помошни работи во производната хала и на терен
- Вработување на полно работно време
- Пријатна и динамична работна атмосфера
- Професионален кариерен развој
- Континуирана обука и можност за напредок
- Работа со професионален тим со големо искуство во дејноста
- Основна нето плата од 18.000 денари до 26.000 денари, во зависност од квалификациите на работникот
- Додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, работа на терен, работна успешност
- Обезбеден топол оброк
Начин на аплицирање:
Испратете CV преку полето Брза Апликација или јавете се на еден од следните телефони: 047 241 020 и 075 827 539.