Vrabotuvanje.com - Референт за набавки - Скопје - МАТРИКС ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • МАТРИКС ДОО Скопје

“Дел од вашиот автомобил!”, е мото под кое веќе 20 години нашиот тим од 50 вработени го снабдува пазарот во Македонија со резервни делови за сите видови на возила преку својата дистрибутивна мрежа. Од 2013 година продажбата се врши преку “On Line” каталог во кој клиентите можат сами да го дефинираат и нарачаат делот кој им е потребен.
 
Преку мрежата на малопродажни објекти низ цела Македонија, како и преку дневната дистрибуција со сопствени возила, резервните делови се дистрибуираат во најбрз можен рок во сите делови на државата. Од 2015 Година Матрикс е член на интернационалната групација Темот Интернатионал, www.temot.com

Во моментов имаме потреба од стручен, амбициозен и одговорен профил за работната позиција:

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ

 

Потребни квалификации:

  • ВСС - Економски факултет;
  • Задолжително претходно работно искуство на иста или слична работна позиција;
  • Познавања во областа на возила, резервни делови и механика е од особено значење за позицијата;
  • Напредни компјутерски вештини (MS Office пакет, особено Word и Excel);
  • Активно користење на англиски јазик;
  • Поседување на возачка дозвола Б-категорија.

Основни задачи и одговорности:

  • Планирање и организирање на активности за набавка на резервни делови и опрема;
  • Изработка и праќање на документи (порачки, спецификации, и сл.) до добавувачи;
  • Прибирање информации за барањата и залихите, одредување на количина и квалитет на нарачка, трошоци, датум на испорака и други услови согласно договорената услуга;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални добавувачи и комитенти со цел воспоставување на однос на доверба со клиентот;
  • Анализа на успехот и подготовка на извештаи;
  • Управување со останати административни и оперативни функции.

​Лични карактеристики:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Планирачки и организациски способности;
  • Способност за решавање на проблеми;
  • Мотивирана и стабилна личност;
  • Иницијатива, проактивност и насоченост кон резултати;
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење.
 
 
Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање на
Професионална биографија (CV) преку полето Брза Апликација.
Само кандидати со соодветни квалификации ќе бидат повикани на разговор.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Останато изнесува 22.029 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде