Опис на работа:
- Посетува лекари во здравствени институции и врши презентација и промоција на производите од портфолиото на БЕЛУПО
- Посетува фармацевти и врши презентација и промоција на производите од портфолиото на БЕЛУПО, како и имплементација на определените комерцијални активности
- Ја извршува дадената маркетинг стратегија и планираните промотивни активности со цел постигнување на определените продажни цели
- Учествува во организација и подготовка на стручни настани (настани организирани од БЕЛУПО, конгреси, симпозиуми) и ги спроведува зададените активности на овие стручни настани
- Учествува на обуки и континуирано го усовршува своето стручно знаење и продажни вештини
- Одговара за унапредување на продажните резултати за територијата за која е надлежен
- Одговара за исполнување на планот на продажба на производите на компанијата во рамките на делот на планот за територијата за која е надлежен
Лични карактеристики:
- Комуникативност и тимска работа
- Одговорност, систематичност, прецизност
- Енергичност и ефикасност
- Самостојност и работа во рокови
- Посветеност и подготвеност за понатамошен развој
Предност имаат кандидатите со следниве квалификации:
- Висока стручна подготовка
- Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет
- Поседување на возачка дозвола / задолжително
Можности:
- Растечка компанија која нуди можност и за индивидуален раст и развој
- Пријатна интерна средина која поддржува правичност и целосно почитување на секој поединец во компанијата
- Континуирана инвестиција во едукација и кариерен развој
- Одлични услови за работа
За компанијата:
БЕЛУПО е дел од водечките фармацевтски компании во регионот, која 50 години успешно работи, се модернизира и развива и во моментов е присутна на 19 Европски пазари.
БЕЛУПО континуирано вложува голема енергија, знаење и финансиски средства во развојот на висококвалитетни производи и активности кои го промовираат унапредувањето на здравјето и здравиот начин на живот.
Преку основните вредности кои ги промовираме: доверба, страст во работата, задоволство и иновативност, создаваме пријатно работно место во модерна организација, со отворена комуникација која поттикнува креативност во се што работиме.
Нашата сила се нашите вработени. Благодарение на нивниот ентузијазам, посветеност и лојалност Белупо континуирано се развива. Со Белупо во моментов живеат и работат околу 1400 вработени.