Винарската визба Имако Вино, Штип со постојаниот раст од основањето во 2002 година до денес, прерасна во една од најголемите винарски визби во Македонија со годишно производство од над 10 милиони литри вино.
Имако Вино е модерна винарска визба која успешно ги комбинира современите технологии за производство на вино со креативност и знаење со цел да произведе квалитетни вина.
Вработување ХР Солутионс, за потребите на
производството на Винарија Имако Вино во Штип бара
Техничар во одржување (eлектро/машинско)
Со следниве главни задачи и одговорности:
- Брза реакција, детектирање и отстранување на дефекти минимизирајќи го времето на прекин
- Тековно и превентивно одржување на индустриски машини, снимање на податоци од неисправноста на машините
- Способност за контрола и замена на мерни индустриски инструменти
- Подршка на инсталациите на опрема
- Електро/машински техничар со завршено ВКВ, ССС или БСС
- Работно искуство од минимум 2 години (преферирано искуство во производствени индустриски капацитети)
- Познавања од механика, пневматика, хидраулични системи
- Познавања од нисконапонска индустриска електрика и електро системи
- Тимски пристап во работењето како и индивидуално прифаќање на одговорностите
- Самоиницијативност, енергичност и посветеност кон работата со интерес за подобрување
- Долгорочна и стабилна работна позиција што вклучува 40 часа неделно работно време и со флексибилност на истото во перид на сезона, со конкурентен месечен надомест, можност за напредување и развој во организацијата.