Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Клиничка болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА Скопје
Клиничката болница “Аџибадем Систина” има потреба од:
БИОЛОГ ВО ЛАБОРАТОРИЈА ЗА МОЛЕКУЛАРНА ДИЈАГНОСТИКА
(1 ИЗВРШИТЕЛ)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
Завршено високо образование од областа на биологијата (Природно математички факултет-Биологија). Предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено насока по Молекуларна биологија
Работно искуство како биолог во лабараторија за молекуларна дијагностика (се смета за предност)
Познавање на англиски јазик (говорење, читање, пишување)
Одлични комуникациски вештини
Способност за тимска работа
Висока работна етика
ЛИЧЕН ПРОФИЛ
Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност;
Почитување на правила и кодекс на работа;
Внимателност и прецизност при работењето;
Флексибилност;
Адаптибилност;
Висока работна етика.
ПОЗИЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Биологот во лабораторија за молекуларна дијагностика е одговорен пред Шеф на лабораторија за молекуларна дијагностика
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Огласот е отворен 5 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
Дискреција на кандидатите е загарантирана.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Фармација и Биотехнологија изнесува 36.814 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!