НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за развој на понуда и маркетинг и ви нуди можност за работа во динамична средина, стекнување на нови знаења и искуства како и можности за постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот продажба на банкарските продукти и услуги на Банката, ефикасно управување и збогатување на клиентската/партнерска мрежа на Банката преку детектирање на нови канали на продажба.
Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвикот, Ве покануваме да се пријавите на отворената работна позиција:
Координатор за централизирана продажба
во Служба за централизирана продажба
Твоите работни цели:
- Унапредување на продажбата на широк спектар на продукти и услуги на Банката наменети за компании од малопродажниот
сегмент; - Следење на динамиката на соработка и детектирање на можности за унапредување на степенот на соработка,
- Проактивна посета и менаџирање на деловни релации со компаниите;
- Градење, одржување и унапредување на односите со клиентите;
- Промовирање на производите на Банката и можностите за нивно користење во продажниот процес на компаниите;
- Подигнување на свесноста за користење на финансиски продукти како инструмент за плаќање;
- Изготвување на извештаи околу продажбата и состојбата на пазарот.
Твојот профил:
- Универзитетско образование;
- Претходно работно искуство од 2 години во сегмент на централизирана продажба на сервиси на електронска продажба, ПОС услуга, развој и унапредување на дигитални сервиси на Банката;
- Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
- Проактивен пристап, динамичност, иницијативност, мотивираност и насоченост кон реализација / исполнување на цели
- Аналитички вештини и напредно познавање/користење на дигитални аналитички алатки;
- Способност за тимска работа;
- Изразена ориентираност кон клиентите и обезбедување на висок степен на задоволство кај клиентите;
- Преференција кон извршување на работни задачи на терен;
- Способност за работа во динамична околина и одговорен пристап кон целосна реализација на продажните цели;
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Твој мотив да ни се придружиш:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 07.12.2021 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.