Vrabotuvanje.com - Технолог за производство на храна - Скопје - LL Gourmet
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Технолог за производство на храна

Скопје

Рок за пријавување:

  • LL Gourmet

Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот тим.

Поради зголемениот обем на работа  LL GOURMET  има потреба од вработување на:


Технолог за производство на храна
(1 извршител, Скопје)
 

Профил на кандидатот:

  • Високо образование, Факултет за безбедност и квалитет на храна
  • Минимум 3(три) години работно искуство на работна позиција “Технолог во производство на храна”
  • Самоиницијативност и иновативност
  • Организираност, одговорност, лојалност
  • Совесност во извршување на работните задачи
  • Способност за истражување и развој на нови производи

Опис на работни задачи и одговорности:

  • Контрола на производствениот процес и усогласеност на нормативите
  • Развој на ефективни процеси и планови за контрола на квалитет, како и надзор и ревизија над менијата со цел нивно подобрување
  • Се грижи за спроведување и имплементација на HACCP и ISO стандардите за квалитет и безбедност на храна и врши контрола и надзор над вработените во делот на исполнувањето на хигиенските стандари
  • Воспоставува комуникација со клиентите со цел подобрување на квалитетот на целокупното работење и техничките перформанси
  • Ги надгледува вработените во процесот на производство и дава насоки и повратни информации
  • Се грижи и ја чува потребната документација, врши статистички анализи и чува примероци
  • Го контролира излезот на храна, ги изготвува и контролира испратниците
  • Го контролира магацинското работење
  • Внесува фактури во систем и изготвува извештаи на барање од претпоставените

На кандидатот му нудиме:

  • Вработување на определено време од 3(три)  месеци со можност за продолжување
  • Пријатна работна средина
  • Конкурентни примања
  • Можност за професионален развој 
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV преку полето Брза Апликација со назнака “Технолог во производство на храна”. 
 
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде