Vrabotuvanje.com - Помошник/чка во кујна / Послужувачки во кантина / Магационер - Скопје - LL Gourmet
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Помошник/чка во кујна / Послужувачки во кантина / Магационер

Скопје

Рок за пријавување:

  • LL Gourmet

Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот тим.

Поради зголемен обем на работа  LL GOURMET  има потреба од вработување на:


Помошник/чка во кујна

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно угостителско образование
  • Самоиницијативност и креативност
  • Тимски дух
  • Високо развиена свест за лична хигиена
  • Одговорност и совесност во извршувањето на работните задачи

Опис на работни обврски:

  • Самостојно врши подготовка и изработка на слатки
  • Врши контрола на потребните намирници за подготовка на слатките
  • Дава предлози и креативни идеи за изгледот и изработка на слатките
  • Ги почитува утврдените нормативи и дадени упатства за работа

На кандидатот му нудиме:

  • Конкурентски  месечни примања
  • Работа во пријатна и организирана работна средина
  • Можност за понатамошен професионален развој
  • Организирана исхрана

 

Послужувачки во кантина

 

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование
  • Самоиницијативност
  • Тимски дух
  • Високо развиена свест за лична хигиена
  • Одговорност и совесност во извршувањето на работните задачи
  • Претходно работно искуство во угостителска област ќе се смета за предност

Опис на работни обврски:

  • Врши прием и послужување на храната во кантина согласно утврдените нормативи и дадени упатства за работа
  • Соработува со останатите вработени  во кантина
  • Ги почитува правилата и процедурите за работа
  • Се грижи за  хигиената во кантината и ги почитува HACCP стандардите за безбедност и квалитет

На кандидатот му нудиме:

  • Конкурентски  месечни примања
  • Работа во пријатна и организирана работна средина
  • Можност за понатамошен професионален развој
  • Организирана исхрана

                                                

Магационер
 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Организирана, одговорна и доверлива личност која е темелна во извршување на работните задачи
  • Познавање на работа со компјутер
  • Работно искуство во прехрамбена индустрија ќе се смета за предност

Опис на работни обврски:

  • Врши прием и соодветно складирање  на  артикли  во магацин
  • Го евидентира приемот на артикли согласно утврдените процедури за работа
  • Врши  издавање на артикли согласно потребите
  • Ги следи  роковите на артиклите согласно FI-FO стандардите
  • Ги почитува хигиенско-санитетските правила и се грижи за уредноста и подредувањето на артиклите во магaцинот
  • Врши евиденција на следливост на сите комори
  • Извршува и други работни задачи во и околу магацинот по потреба

На кандидатот му нудиме:

  • Конкурентски  месечни примања
  • Работа во пријатна и организирана работна средина
  • Можност за понатамошен професионален развој
  • Организирана исхрана

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил vrabotuvanje@llgourmet.mk  со назнака за која работна позиција аплицирате.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде