Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени,
Ги сакате финансиите!
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Кои сме ние?
Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Campina, MladegsPak, Teekanne, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
ФИНАНСИСКИ СПЕЦИЈАЛИСТ
- Подготовка на интерни финансиски извештаи
- Контрола и сложување на финансиски картици со партнерите
- Доследна примена на важечките политики, процедури кои регулираат одредени процеси во организацијата
- Доследна примена на важечките регулаторни прописи и закони во доменот на работните операции
- Креирање на излезни финансиски фактури кон партнерите
- Учество во подготовка на завршна сметка и спроведување на годишна ревизија
- Комуникација со банки и подготовка на извештаи и документација за гаранции, кредити, провизии, платен промет
- Останати работни задачи по налог на надредениот
- Основни услови: ВСС (предност имаат кандидати со Економски Факултет)
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функиционални компетенции : Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на
приоритети - Општи компетенции: Солидно познавање на работа на компјутер, Солидно познавање на англиски јазик (пишување и говорење), Возачка дозвола Б категорија
Што нудиме?
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
- Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/